Пуканките се вообичаената храна, со која седиме пред телевизорот кога сакаме да гледаме филм.d57efdd05b6e05e2d575f64c56b85167

Реконструкцијата на киното во домашна средина, сепак може да биде дури и уште повозбудлива од кулинарска гледна точка.

И повкусна, се разбира. Ако сте љубители на чипс и понекогаш си дозволувате да си пружите задоволство со него – значи треба да го пробате во комбинација со сос салца.

Еве ги и потребните производи:

– 3 конзервирани домати – ситно исечкани;

– ¼ чаша сецкан кромид;

– 1 чешне лук – блендиран;

– 1 средно голема лута пиперка – ситно сечкана;

– ¼ лажичка шеќер;

– ¼ лажичка сол;

– ¼ лажичка ким;

– ¼ чаша коријандер (повеќе по вкус);

– Сок од половина лимон;

– Пченкарен чипс;

– Кашкавал;

Начин на приготвување:

* Забелешка: Ако блендерот не е доволно голем, треба да се комбинираат состојките на неколку пати.

1. Комбинирајте ги конзервираните домати, исечениот кромид и лутата пиперка, лук, шеќерот, солта, кимот, сок од лимон и коријандерот.

Фото: thepioneerwoman.com

2. Измешајте добро, додека добиете хомогена смеса.

Фото: thepioneerwoman.com

3. Во соодветна мала чинија ставете од готовата смеса.

Фото: thepioneerwoman.com

4. Во меѓувреме изрендајте кашкавал врз чипс и ставете го малку во микробранова печка, додека не се стопи.

Фото: thepioneerwoman.com

5. Послужете сè заедно. Добар апетит!

Слични содржини