Рецепт: Домашни крофни

од Vladimir Zorba

Има ли нешто поубаво од вкусот и мирисот на домашните крофни?

Многумина од денешните домаќинки во недостиг на време прибегнуваат кон брзи решенија кога станува збор за подготовка на крофни, поради што тие честопати изгледаат поинаку од она што го замислувале.

Вака се случува тестото или да не нарасне доволно и да личи на лебници, или да го впие вишокот масло, а често крофните се „живи“ внатре. За да не ви се случи ова, следете ги древните правила што ги почитувале нашите баби.

Состојки:

15 гр квасец

1 лажичка шеќер

2 јајца

200 мл млеко

2 лажици масло

450 гр брашно

малку сол

масло

1 ванилин шеќер

шеќер во прав

Подготовка:

Квасецот издробете го, додадете шеќер и прелијте со малку млака вода. Кога ќе запени додадете ги јајцата и млекото и матете малку со жица. Додадете брашно и замесете тестото да биде помеко и помазно.

Покријте малку да нарасне. Замесете. Исечете ја хартијата за печење на помали квадрати. Тестото исечете го на помали парчиња од 20 гр и направете топчиња меѓу дланките.

Се редат на исечени хартии и се покрива да стаса. Намалете ги крофните заедно со хартијата во масло и по 5 секунди извадете ја хартијата.

Се пржат на средна температура додека не поруменат од двете страни.

Извадете, посипете со ванилин шеќер и шеќер во прав.

На здравје!

Слични содржини