Производи:
4 големи компири, излупени и исечени на коцки
1 лажица масло
1 глава кромид + 1 лажица сецкан
¼ чаша рендан кашкавал
сол и бибер по вкус
5 моркова, ситно изрендани
1 лажица масло
500 г посно говедско месо
2 лажици брашно
1 лажица кечап
¾ чаша говедска супаcc6ffdd84e7a3464bfe468c7e3c19567

Подготовка:
Загрејте голем сад со вода. Ставете го компирот да се свари, додека не омекне за околу 15 минути. Фрлете ја водата и испасирајте. Измешајте го маслото со ситно сецкан кромид и ¼ рендан кашкавал. Додадете сол и бибер по вкус. Ставете во фрижидер.

Во друга тава загрејте посолена вода. Варете ги сите моркови во неа за 15 минути. Повторно исцедете ја водата и оставете настрана. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 190-200 степени.
Загрејте масло во голема тава. Ставете кромид во него. Потоа додадете го и говедското во маслото. Пржете го од сите страни, додека не потемне. Истурете го вишокот на масти, тогаш ддоадете го и брашното во тавата. По него кечапот и супата. Нека месото  зоврие, намалете го огнот и оставете да поврие за 5 минути на слабо.

Се шири месото на дното на тава за печење. Потоа покријте со варени моркови, а конечно со пире од компири. Посипете со остатокот од кашкавал и печете 20 минути во загреана рерна.

Слични содржини