Потребни производи:
1 кг тиквички, рендани
сол по вкус
¼ чаша рендан пармезан
2 јајца
2 стапчиња млад кромид, сецкан
3 чешниња лук, пасиран
4 листови босилек, сецкани
Малку морско оревче, Лук во прав
Бибер по вкус
1 лажица масло
1 лажичка маслиново масло94fa2ddce22b51de409881115754bb9d

Подготовка:
Ги стискате ренданите тиквички во кујнска хартија за да се исцеди вишокот течност која ја пуштаат. Потоа посипете ги со сол. Повторно оставете врз хартија за да се исцеди за околу 30 минути, бидејќи солта ќе предизвика пуштање на уште течност.

Измешајте ги пармезанот, јајцата, кромидот, лукот, босилекот, морско оревче, лук во прав и црниот пипер во сад. Промешајте. Конечно додадете ги и тиквичките. Промешајте уште еднаш.

Загрејте го маслото и маслиновото масло во тава на среден оган. Оформете со раце форма слична на палачинка од смесата со тиквички. Можете да ги направите и подебели во форма на ќофте. Пржете во маслото додека не се зацрвени на секоја страна.

Слични содржини