Потребни производи:
2 лажици масло
1 мала глава кромид, ситно сечкана
1 зелена пиперка ситно сечкана
4 јајца
2 лажици млеко
¾ лажичка сол
1/8 лажичка свежо мелен црн пипер
200 г.рендано сино сирење или кашкавал
1 свеж домат1ebc60d9ea6d1a2620f278a0abe86c1d

Подготовка:
Се топи една супена лажица масло во тава на средна температура. Исечените кромид и пиперки се пржат за околу 4-5 минути мешајќи.
Во тоа време промешајте ги и јајцата со млекото. Додадете ½ лажичка сол и црн пипер. Изрендајте го или искршете го сирењето / кашкавал во сад и оставете го настрана.

Отстранете го зеленчукот од топлина. Се топи остатокот од маслото во тавата. Додадете ги јајцата во смесата и гответе околу 2 минути. Внимателно превртете го омлетот и гответе го од другата страна  уште 2 минути.

Посипете го омлетот со сирење / кашкавал, додека не се стопи. Кога е подготвено, тргнете од огнот. Декорирајте го вашииот омлет со остатокот од зеленчукот и парчиња свежи домати по желба.

Слични содржини