Шпагетите се едно од најпопуларните италијански јадења, кои навлегоа во навиките на милиони луѓе низ целиот свет. Вклучително и во Македонија.735649b73fc9368c6e275031c734e0a7

Неслучајно во голем дел од местата во нашата земја се нудат токму различни варијанти на пастата. Денес ќе ви понудиме рецепт за шпагети со сос маринара, за чие приготвување треба да си одделите околу еден час и половина.

Еве и кои се потребните состојки за јадењето од италијанската кујна, со кои ќе направите вкупно шест порции шпагети:

-1/4 Чаша маслиново масло;

-1 Глава бел или жолт кромид – ситно сецкан;

– 5 чешниња лук – толчен;

– 2 големи моркова- излупени и исечени на мали коцки;

– 2 тегли конзервирани(по околу 800 милилитри секој) цели домати;

– 1/2 лажичка сол;

– 1/2 лажичка црн пипер;

– 2 лажици шеќер (повеќе по вкус);

– 2 лажици сецкано свеж оригано;

– 2 лажици сецкан свеж магдонос;

– Уште магдонос за сервирање;

– Варени шпагети;

– Пармезан – за сервирање.

Начин на приготвување:

1. Во голем сад загрејте го маслиновото масло на средна температура. Додадете кромид, лук и моркови. Гответе 4 до 5 минути, мешајќи повремено.

 

2. Потоа истурете ги доматите. Додајте сол, црн пипер, шеќер и оригано. Намалете го шпоретот до ниска температура и оставете ја смесата да врие во незатворенотенџере околу еден час. Промешувајте повремено. Додадете свежо сецкан магдонос кон крајот и поправете го вкусот со екстра зачини, ако сметате дека е потребно.

3. Во тоа време подгответе ги шпагетите, според упатството на пакувањето.

4. Кога сѐ е спремно, во доволно голем сад ставете од шпагетите и сосот. Добро промешајте. Потоа истурете ги шпагетите во голема чинија. Стави дополнително доматен сос врвот. Посипете со пармезан и додадете магдонос на врвот.

Слични содржини