Состојки:
6 парчиња пилешки гради без кожа
малку сол
црн пипер
½ чаша мед
½ чаша сенф
1 лажичка сушен босилек
1 лажичка црвен пипер
½ лажичка сушен магдонос3656eb986d4066b95a806b3555cb6c68Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Посипете ги пилешките гради со солта и црниот пипер и ставете ги во тава. Во мал сад измешајте ги медот, сенфот, босилек, црвениот пипер и магдоносот. Добро промешајте. Истурете половина од смесата врз пилето. За да го покриете добро користете четка за премачкување.

Печете во претходно загреаната рерна на 180 степени  за околу 30 минути. Извадете ги пилешките гради и намачкајте ги повторно со остатокот од смесата. Печете уште 15 минути, додека пилешкото добие кафеава коричка и ги пушти соковите.

Пред сервирање оставете да одмори 10 минути.

Време за подготовка : 1 час и 20 минути.

Слични содржини