Речиси 1.000 Авганистанци пристигнаа во Косово

од Nikola Popovski

Уште 971 бегалци од Авганистан денеска пристигнале на територијата на Косово и Метохија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Косово

Познато е дека 810 бегалци веќе се сместени во поранешниот камп на компанијата „Бехтел Енка“ во Урошевац, заедно со уште 161 кои се сместени во тој град.

Се очекува Косово да прими вкупно околу 2.000 авганистански државјани, пишува „Љајми“.

Авганистанските државјани ќе останат на Косово додека не се договори нивната документација за сместување во САД или која било друга земја-членка на НАТО, наведува приштинскиот весник, пренесува Танјуг.

Слични содржини