Речиси 50.000 смртни случаи од коронавирус во Велика Британија

од Vladimir Zorba

Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус во Велика Британија достигна денес близу 50.000, предизвикувајќи загриженост за премиерот Борис Џонсон, кој се обидува да ги олесни рестриктивните мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Бројот на починати сега е точно 49.646, што ги вклучува најновите бројки од Англија и Велс, како и претходните бројки од Шкотска и Северна Ирска, пренесува Ројтерс.

Во март, главниот здравствен советник на владата на Велика Британија процени дека одржувањето на смртните случаи под 20.000 ќе биде „добар исход“, но уште во април, владата сметаше дека најлошото сценарио е 50.000.

Британската влада смета дека најважно е што здравствениот систем го издржал товарот, и покрај фактот дека се направени некои грешки при управувањето со најголемата здравствена криза во земјата по онаа од 1918 година, предизвикана од шпанскиот грип.

Бројките објавени денес ги вклучуваат сите достапни случаи во кои смртта би можела да биде поврзана со инфекција со коронавирус, како што се пациенти со претходни респираторни заболувања.

Слични содржини