Речиси 500 новозаразени и над 600 оздравени од коронавирус

од Nikola Popovski

Според Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на коронавирус.

Билансот по градови изнесува: Скопје-246, Куманово-30, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Струга-15, Велес-5, Битола-10, Охрид-21, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 606 оздравени пациенти. Билансот по градови е: Скопје-194, Дебар-6, Штип-22, Прилеп-61,  Тетово-36, Струга-20, Велес-22, Битола-39, Охрид-45, Кавадарци-24, Гостивар-27, Гевгелија-16, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-5 и Неготино-11.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82301, бројката на оздравени пациенти е 60256, на починати е 2473, а бројот на активни случаи изнесува 19572.

Слични содржини