Реџепи: Бев кај пријател во Скопје, мајка ми беше со мене

од Nikola Popovski

Пратеникот во Собранието, Кастриот Реџепи во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ даде повеќе информации околу тоа каде на денот кога требаше да се гласа за интерпелација на Владата во Собранието. Тој изјави дека бил присутвен во главниот град, но дека се скрил кај пријател.

-Јас бев тука, а не во Бугарија или Абу Даби како што се шпекулираше. Се засолнив кај еден пријател. Мораше така, затоа што имаше голем број на закани. Мајка ми беше со мене. И се јавив на ќерка ми, која живее во Данска, и кажав дека така мора да биде и дека телефоните ќе бидат исклучени, информира Реџепи.

После неговото непојавување во Собранието, Реџепи вели „физички не спие мирно, но, духовно да“.

-Мирна ми е душата, додава Реџепи.

Слични содржини