Реџепи: Имам информации дека сме многу блиску до преговори со ЕУ

од Nikola Popovski

Се уште верувам дека е значаен момент, дека сме многу блиску да се надминат пречките и да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, вели пратеникот Кастриот Реџепи во изјава за ТВ Сител.

Според него, тој е уверен во ова поради информациите што ги има од претставници на ЕУ, од претставници од САД, но и од Владата.

-На средбата со премиерот пред неколку дена, бевме брифирани дека е испратен документот како одговори на барањата за дообјаснувања на некои точки кои беа пречка, информира Реџепи.

Слични содржини