Реџепи може кривично да одговара ако ги повика верниците да се молат во џамии за време на коронавирусот

од Vladimir Zorba

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи може кривично да одговара како повикувач за кршење на владините мерки за забрана на движење во екот на пандемијата со коронавирус, ако ја оствари заканата дека ќе ја повлече одлуката верниците да се молат дома место во џамија, велат од Јавното Обвинителството.

Освен Реџепи, по член 206 од Кривичниот законик ќе одговараат поединечно и верниците од муслиманската вероисповед кои ќе бидат затекнати во џамиите ширум земјава, зашто владата со заострување на мерките забрани групирање на повеќе од 2 лица надвор од домовите.

Слични содржини