Реформата во образованието не се прави за да се задоволат барањата на Бугарија, тврди Царовска

од Берта Китинска

Реформата во образованието не се прави за да се задоволат барањата на Бугарија, туку за да се  реализира зацртаното во Законот за образование, изјави министерката за образование, Мила Царовска во емисијата „Само интервју“.

– Неоправдан е стравот дека со реформата ќе излеземе во пресрет на барањата на Бугарија, затоа што оваа реформа не е поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање. Проблем настана кога започнаа во јавноста да се пласираат лажни вести поврзани со предметот историја. Начинот на кој се предава не баша пристапен , но со ваков концепт ќе се учи подлабоко затоа кога детето ќе учи го разбере историскиот момент ќе го разбере настанот, вели Царовска.

Слични содржини