Реформатор или убиец – Кој е саудискиот принц Мухамед бин Салман?

од desk2

Саудискиот принц, престолонаследникот Мухамед бин Салман, се наоѓа во центарот на морничавиот случај на исчезнувањето, а сега и убиството на саудискиот новинар на „The Washington Post“ кој побегна во САД, Џамал Кашоги.

33-годишниот принц треба да го наследи неговиот 82-годишен татко, кралот Салман, на престолот на оваа ултраконзервативна и екстремно богата муслиманска монархија.

Минатата година, кога на голема врата се појави на глобалната сцена со неговите амбициозни најави дека ќе направи драстичен пресврт во неговата земја – економска модернизација, општествена либерализација и оддалечување од исламскиот фундаментализам – разбуди надеж дека Саудиска Арабија под негово водство би можела навистина да сврти нов лист во очите на меѓународната заедница.

Saudi Arabia's crown prince Mohammed bin Salman

Saudi Arabia's crown prince, Mohammed bin Salman, is beginning a three-day visit to the UK. He'll have lunch with the Queen and hold talks with the PM. ➡️ bbc.in/2tjIvTc Five things you need to know about Mohammed bin Salman ⬇️

Публикувахте от BBC News в Сряда, 7 март 2018 г.

Насловите на текстовите на западните медиуми за него од тоа време кажуваат повеќе од доволно – „Мисијата на саудискиот принц е да направи нов поредок на Блискиот Исток“, пишуваше „The New York Times“; „Саудиското општество е ригидно, но младоста на принцот е немирна. Реформите на принцот мора да успеат“, пишуваше британски „Guardian“.

Либералната маска на тиранското лице

Од денешна перспектива, полагањето надежи – колку и да беа воздржани – во младиот принц и неговиот внимателно негуван имиџ на либерален реформатор, се покажаа како огромна заблуда. Секако, тогаш не можевме да знаеме дека, водејќи се по доказите што турската полиција и специјалните служби тврдат дека ги имаат, идниот саудиски крал е подготвен да одобри, па дури и нареди сурово мачење и убиство на оние кои го критикуваат.

Но, знаците за мрачната и тиранска страна на принцот не беа баш невидливи и ред исчезнувањето на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул. Тргнувајќи од релативизирањето и наоѓањето изговори за саудиската историја на „негување и извоз“ на вахабистички екстремизам (истото идеолошко семе од кое се родија токсичните плодови како Ал Каеда и Исламска држава), преку бруталните и вонсудски репресии врз критичарите и активистите за човекови права, вклучувајќи ги и оние кои ја напуштиле земјата, па сѐ до хистеричните реакции на критиките од Западот, позиционирањето на Саудиска Арабија како регионалниот силеџија, крвавата воена интервенција во Јемен и обидите за дипломатско-економско покорување на соседните Катар и Либан.

Mohammad bin Salman

The man transforming Saudi Arabia: This is what you need to know about Crown Prince Mohammad bin Salman and the sweeping changes he’s bringing to the Kingdom.

Публикувахте от CNN Connect the World в Вторник, 7 ноември 2017 г.

Либанскиот премиер наводно бил и заложник на саудискиот режим во текот на неколку недели и безуспешно бил убедуван да даде оставка. Подеднакво одекна веста дека принцот дал наредба десетина членови на кралското семејство, како и водечки бизнисмени, да бидат држени во хотелот Ritz-Carlton во Ријад, под изговор дека се работи за акција за сузбивање н корупција. Заложниците биле пуштени дури откако се согласиле да се откажат од нивните наводно украдени имоти во вредност од неколку милијарди долари.

Лик од драма на Шекспир

Според зборовите на Ема Греам-Харисон од „Guardian“, безобѕирното грабење моќ од страна на принцот во денешно време изгледа како современа верзија на Шекспировите драми. Како и неговите претходници, принцот Мухамед, де факто владетел на оваа апсолутна монархија, ги контролира сите механизми на власта и живее во баснословен раскош.

Ужива во сите луксузи на модерното време и на западниот свет, па така познато е дека има купено јахта за половина милијарда долари, слика на Леонардо да Вии за 450 милиони долари и француски дворец за 300 милиони долари, договори купување на американско оружје во вредност од неколку стотини милијарди долари, а неговите подредени потрошиле стотици илјадници долари за престој и шопинг во хотелите на Доналд Трамп во САД, додека својата татковина ја држи во Средниот век, општествено, политички и религиски.

„Принцот не може да го сфати светот надвор од Саудиска Арабија. Израснат е во палата, му кажувале дека може да прави што сака. Неговиот најголем проблем е што никогаш не си ги признава грешките“, рече еден неименуван саудиски извор за „Guardian“.

Пример за тоа губење допир со реалноста е неговата изјава во емисијата „60 Minutes“ на CBS, кога рече:

„А во врска со моите лични торшоци, јас сум богат човек, не сиромашен. Не сум Ганди или Мандела. Припаѓам на владетелско семејство што постоело стотици години пред формирањето на Саудиска Арабија.“

Секако, и да ги тргнеме на страна кралските титули, јасно е дека тоа богатство е стекнато со грабеж на јавниот имот и националните богатства, во овој случај, нафтата на Саудиска Арабија.

Митот за младиот реформатор

Пред да го покаже неговото вистинско лице, принцот Мухамед на својата ПР турнеја низ САД годинава се сретна со Доналд Трамп во Белата куќа, пиеше кафе во Starbucks со поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг, се дружеше со холивудски ѕвезди како Морган Фримен и технолошките магнати од Силициумската долина – Марк Закерберг лично го прошета низ седиштето на Facebook, а сличен третман доби и од Сергеј Брин во Google.

Но, сега останува да видиме колкава цена ќе плати принцот за очигледната ликвидација на новинарот Кашоги, односно дали ќе успее да ја протне приказната за „одметнати агенти“ што делувале сами, кои во еден миг ги пропагираше и Трамп со што разгоре сомнежи дека се обидува да го заштити саудискиот режим од реперкусии.

Тоа можеби ќе помине малку потешко, со оглед на тоа дека четворица од 15-те осомничени од саудискиот „ескадрон на смртта“ кои дошле во Турција по Кашоги, се од редовите на неговото лично обезбедување.

Слични содржини