Реформите во семејното право, тема на денешната дебата организирана од Истутот за правно-економски истражувања и едукација

Институтот за правно-економски истражувања и едукација денес ќе оддржи конференција, на која ќе се обрати народниот правобранител, Насер Зибери, а насловена како „Дали и зошто законодавецот ги заборави реформите во семејното право“.

Според првичните информации на организаторите, конференцијата ќе се состои од  девет теми, почнувајќи од „Односот на Уставите кон семејството“, а на таа тема ќе зборува професорот Светомир Шкариќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Во рамки на втората тема на настанот ќе се зборува за  „Глобалните промени во семејството и потребите од реформи во македонското семејно законодавство“, односно „Воведувањето на концептот на генетското потекло во Законот за семејството – правото на детето да го дознае својот генетски идентитет“.

Меѓудругото ќе се дискутира и на теми како „Реформи во чекална: Усогласеност на националното семејно право со ратификуваните меѓународни конвенции, „Процесноправна положба на детето во парничната постапка“, „3аедничко вршење родителското право по развод на брак“, „Арбитража во семејните спорови“, Улогата и овластувањата на Центарот за социјална работа при донесување одлука за доверување на децата по разводот на бракот и определување на начинот и динамиката на одржување на личните и непосредни контакти“.

Слични содржини