Регион: 419 новоинфицирани во Црна Гора, 15 смртни случаи во БиХ, 356 во С.Македонија

од Берта Китинска

Благодарение на подобрувањето на епидемиолошката состојба во повеќето делови на Словенија, ски-центрите наскоро ќе бидат отворени под одредени услови, следната недела повторно ќе започнат часовите во пониските одделенија во основните училишта, а ќе бидат отворени и пазари, фризерски салони, хемиско чистење и автомеханичарски услуги, објави словенечката влада.

Што се однесува до условите за влез во Словенија за патниците од ЕУ и Шенген-зоната, беше одлучено тие да можат да влезат без утврдување на задолжителен карантин или негативен тест за коронавирус, под услов престојот да не трае подолго од 12 часа, ако во Словенија имаат недвижен имот или земјиште, за грижа на членови на семејството или имот, за контакт со дете и некои други исклучителни случаи.

Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1.445 нови случаи на коронавирус, а 27 лица починале.Во Хрватска, 27 смртни случаи и 776 новозаболени лица, објави денеска Националниот штаб за цивилна заштита.Бројот на активни случаи во Хрватска денес е 3.506, од кои 1.562 се хоспитализирани, а 136 пациенти се на апарати за дишење.

Во БиХ, 15 смртни случаи и 489 новозаболени лица

Тестирани се 2.615 примероци за вирус на корона, а се опоравиле 807 лица.Само во Федерацијата БиХ, според Институтот за јавно здравје, пријавени се девет смртни случаи и 313 новоинфицирани лица, од 1.928 тестирани примероци.Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ.Во изминатите 24 часа, 542 пациенти се опоравиле, а 12.788 случаи се моментално активни.

Во Република Српска има шест смртни случаи и 165 новоинфицирани лица

Според Институтот за јавно здравје, тестирани се 629 лабораториски примероци, а меѓу новозаразените има 94 мажи и 71 жена, од кои 14 се помлади, 79 средовечни и 72 постари лица.Вкупниот број на хоспитализирани во Република Српска е 572, во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска 225 и во општите болници 347.

Во Црна Гора, четири смртни случаи и 419 новозаболени лица

Во последните 24 часа во Црна Гора се пријавени уште четири смртни случаи и 419 новозаболени лица со новиот вирус корона, објави вечерва Институтот за јавно здравје.Најмногу заразени се од Подгорица – 180.Тестирани се 1.365 примероци за новиот вирус на корона.Меѓу починатите, најмладиот пациент има 55 години, а најстариот има 89 години.

Во С. Македонија 356 новозаразени, 15 лица починаа

Во Северна Македонија 1.906 граѓани биле тестирани во последните 24 часа, а 356 биле позитивни на ковид-19, објави Министерството за здравство.Петнаесет пациенти починаа.Најголем број нови случаи има во Скопје – 171, во кои има 6.767 активни случаи, по што следуваат Кумианово, Тетово, Прилеп …Во Северна Македонија има 11.676 активни случаи.Вкупно 89.917 биле заразени, 2.754 починале и 75.387 се опоравиле. Досега се тестирани 437.267 лица.

Слични содржини