Регионални медиуми: Потег за пример – Заев му помага на својот град и својата земја

од Nikola Popovski

Коронавирусот многу го промени светот. Луѓето се најдоа во сосема различни услови и позиции од оние во кои бевме навикнати да ги гледаме. На голем дел им се потребни средства и донации, за да можат да преживеат.

Така, српскиот портал „Direktno“ известува за хуманиот гест на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Од таму велат дека малкумина во Србија знаат дека семејството Заеви поседува голема компанија во родната Струмица

„Соседната Северна Македонија е добар пример. И покрај постојаните напади на медиумите плус негативните изјави на министерот Вулин, Зоран Заев никогаш не реагираше. Наместо тоа, тој го истакна пријателството на двата народа и работи за подобра соработка во регионот. Затоа поранешниот македонски премиер има голема репутација во Србија“, велат од порталот.

„Зоран Заев беше градоначалник на Струмица долго време и сега тој јасно одлучи дека е вистинско време да му се помогне на својот град и својата земја. Зоран Заев и неговиот брат решија да донираат пакети со храна и на нивната Струмица и на другите граѓани на Северна Македонија.

Се разбира, сето тоа без никакви објави и без фалење за неговата одлука. Баш како што треба. За акцијата се дозна само преку изјавата на шефот на кризниот штаб на Струмица.  Зоран Заев во моментов нема ниту една државна функција во земјата, но тоа очигледно не му претставува проблем да им помогне на оние кои имаат потреба. Потег за пример и паметење“, известуваат од „Direktno.rs“.

Слични содржини