Регистрирани 10 случаи со делта сојот, надлежните сметаат дека нема епидемиолошки ризик за ширење на вирусот

од Берта Китинска

Досега во државата се регистрирани 10 случаи со индиската мутација.

Вчера четворица сомнителни случаи излегоа дека се позитивни на Делта варијантата на коронавирусот.

Според информациите на министерот за здравство станува збор за два брачни пара од Скопје кои патувале во странство и во моментот се хоспитализирани во приватна болница. Еден пациент е во потешка здравствена состојба, а останатите се стабилни, информираше министерот за здравство. Ниту еден не бил вакциниран.

– Нема епидемиолошки ризик за ширење на вирусот. Сега епидемиолозите прават анкети и на контактите, изјави Венко Филипче

Министерот потенцираше дека воопшто не се размислува за карантини на одредени градови или региони поради Делта сојот туку само за евентуални мерки на границите. Дали за влез во земјава ќе се бара тест или сертификат за вакцинација и за македонските граѓани кои се враќаат од одмор Комисијата за заразни болести ќе одлучува до крајот на неделата.

-Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени, изјави Филипче.

Вчера беа регистрирани 9 неови случаи на ковид19.

Слични содржини