Регистрирани 443 казни за неносење на заштитна маска

од Nikola Popovski

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 443 прекршоци.

„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19“, велат од полицијата.

Слични содржини