Регистрирани десетина пожари на отворен простор во земјава

од Берта Китинска

Според извештајот на ЦУК за време на викендот до денеска регистрирани се десетина пожари на отворен простор, каде горела сува трева и дабова шума, сите се локализирани и изгаснати.

-Во атарот на село Дрен, горела сува трева и дабова шума. Интервенирано е со едно ПП возило и три пожарникари.Во Крушево пак, повторно се реактивирал пожарот во атарот на село Алданци, каде горела сува трева и нискостеблеста деградирана дабова шума. На терен интервенирано е со едно ПП возило, три пожарникари од ТППЕ-Крушево, едно ПП возило од општина Кривогаштани, 12 вработени во НШ ,,Липа“ и двајца припадници на МВР. Пожарот е целосно локализиран, велат од ЦУК.

Територијалната противпожарна единица Прилеп интервенирале на место викано Топташ каде горела сува трева, а биле загрозени и викенд куќи. Интервенирано е со две ПП возила и пет пожарникари.

ТППЕ Прилеп во изминатото деноноќие имале уште две помали интервенции во градот и околината.

Слични содржини