Регистрирани над 10 илјади новозаразени со коронавирус во В.Британија

од Берта Китинска

Во последните 24 часа се потврдени уште 10.321 случај на инфекција, се вели во соопштението на британската влада, пренесува Ројтерс.

Британската влада пријави 14 нови смртни случаи кај пациенти со ковид 19 во рок од 28 дена по позитивното тестирање, мало зголемување во споредба со 11-те забележани вчера.

Според официјалните податоци, првата доза на вакцината ја земале 81% од возрасната популација, а 59% од Британците од двете дози.

Слични содржини