Регистрирани вкупно 24.155 прекршоци за неносење маска

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 24155 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 361 прекршоци во изминатото деноноќие, информираат од МВР.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 115 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 522 лица им се издадени решенија за изолација, а 7 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки.

Слични содржини