Реизбрани обвинителите од досегашниот тим на Русковска

од Берта Китинска

Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа–Кузмановска и Енѓулуше Кадриу–Леши ќе продолжат да работат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Други обвинители кои конкурираа, ни не добија мнозинство гласови се: Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Арсим Адеми. Конкурираше и обвинителката Имран Османи, но таа добила негативна оцена од Вишото обвинителство поради што ме ги исполнуваше условите.

Слични содржини