Рејкјавик: Прва средба меѓу Лавров и Блинкен ─ како да се надминат несогласувањата?

од Nikola Popovski

САД и Русија имаат различни ставови, но треба да соработуваат за некои прашања, се согласиле американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа на нивниот прв состанок во Рејкјавик.

На почетокот на состанокот, Лавров изјавил дека двете земји треба да утврдат како ќе се развиваат нивните односи, бидејќи несогласувањата што постојат се големи.

„Лидерите на Русија и Америка треба да соработуваат во области каде што нашите интереси се совпаѓаат, особено кога станува збор за стратешката стабилност“, рече шефот на руската дипломатија, пренесува „Спутник“.

„САД и Русија можат да работат во многу насоки, и покрај разликите, и ако лидерите на земјите соработуваат, светот ќе стане побезбеден“, истакна Блинкен.

Тој го потврди ставот на новата американска администрација дека Вашингтон бара „стабилни и предвидливи односи со Русија“, но и дека има несогласувања.

Средбата меѓу Лавров и Блинкен во Рејкјавик е воедно и прва средба на високо ниво меѓу претставници на администрацијата на Бајден и неговиот руски колега, што се одржува пред евентуалниот самит на претседателите Владимир Путин и Џо Бајден во јуни.

Слични содржини