„Рекет“: Денеска завршни зборови на Јовановски и Јанева

од Берта Китинска

Денеска се очекува завршни зборови да дадат првоосомничениот Бојан  Јовановски и Катица Јанева во случајот Рекет.

По завршните зборови, ќе треба да се закаже уште едно рочиште за изрекување на пресудата.

На последното рочиште обвинителката Вилма Русковска, рече дека Јовановски и Јанева ги сториле кривичните дела, а се повика на сведочењата на брачната двојка Камчеви и вработена во компанијата „Орка Холдинг“.

Таа потсети дека тие потврдиле дека на Боки 13 прво му дале  половина, а потоа милион евра. Обвинителката се повика и на фотографија од домот на родителите на Јовановски, каде спред неа, завршила торбата со пари „Луј Витон“.

Слични содржини