На 24.01.2023 година, на граничниот премин Батровци, царинските службеници во соработка со полицијата спречија обид за криумчарење на 30.000 евра, кои меѓу другото еден патник ги скрил во конзерва со чипс.
Прекршокот бил откриен кога на влез во државата за контрола пристигнал автомобил со странски регистарски таблички во кој 31-годишен странски државјанин сам патувал од Германија кон територијата на АП КиМ.
Иако рекол дека нема што да пријави и дека носи околу 9.000 евра, непријавените пари цариниците ги пронашле на неколку места: во торба со документи, во јакна ставена на задното седиште, на потпирачот за раце, па дури и во спакувана лименка чипс, во кеса со храна и грицки.
Од вкупно пронајдените 40.000 евра, на патникот му е вратена сумата што може да ја пренесе преку граница без пријавување, а за останатата сума од 30.000 евра ќе одлучува надлежен суд во прекршочна постапка.