Рекорд на Дончиќ – никој во Далас не забележал 50/5/5

од Vladimir Zorba

Лука Дончиќ го одигра најспектакуларниот натпревар во својата кариера, откако постигна 51 поен во победата на Далас со 112:105 над ЛА Клиперс, што е негов рекорд во кариерата во НБА лигата.

Словенечкиот репрезентативец имаше и 9 скока и 6 асистенции, па тој е првиот во историјата на франшизата на Маверикс кој постигнал 50+ поени со најмалку 5 асистенции и скока.

На Дончиќ малку му недостигаше и апсолутниот рекорд кога е во прашање бројот на постигнати поени, откако рекордерот на Далас, Дирк Новицки и понатаму е со 53 постигнати поени на еден меч.

Дончиќ веќе имаше 28 поени по првата четвртина, а уште тогаш беше јасно дека ова ќе биде историска вечер за него.

На крајот шутираше 17 од 26 од игра, од кои за три имаше 50 проценти (7 од 14), додека од „пенал“ имаше 10 од 14.

Слични содржини