Рекорд во Бугарија: Во еден ден вакцинирани 32.482 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Во Бугарија во средата беа вакцинирани 32.482 лица, што е нов рекорд по бројот на вакцинирани за еден ден, рече министерот за здравство на таа земја, Костадин Ангелов, и додаде дека целта е да се достигнат 50.000 вакцинирани за еден ден во текот на овој месец.

Тој на прес-конференцијата рече дека од почетокот на вакцинацијата на 27 декември, 877.124 лица ја примиле првата доза на вакцината во Бугарија, а 251.202 лица ја примиле втората доза, пренесува порталот „Софија глоуб“.

Според него, по паузата од 10 дена, т.н. зелени коридори ќе продолжат да работат, односно местата каде што сите заинтересирани ќе можат да се вакцинираат.

„Наскоро ќе имаме милион вакцинирани граѓани“, рече тој, додавајќи дека последните епидемиолошки податоци покажуваат тренд на опаѓање на болеста.

Слични содржини