Рекорд во Хрватска: 140 нови случаи на корона

од Vladimir Zorba

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 140 нови случаи на заразени со Ковид 19, а бројот на активни случаи во таа земја е вкупно 1088.

Како што објави Индекс.хр, меѓу нив има 124 пациенти на болничко лекување, од кои тројца пациенти се на респиратор, а едно лице починало.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај во Хрватска, со новиот коронавирус се заразиле вкупно 3.672 лица, од кои 118 починале, а 2.466 се опоравиле.

Во моментов има само 4.756 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 92.808 лица, од кои 1.322 во последните 24 часа.

Слични содржини