Рекорден број на новозаразени во Франција од укинувањето на мерките

од Vladimir Zorba

Бројот на ново заразени со коронавирусот во Франција се зголеми за 3.310 во саботата, што претставува нов рекорден број по укинувањето на рестриктивните мерки во таа земја, објави француското Министерство за здравство на својата веб-страница.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 сега изнесува 215.521, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс.

Во моментов се испитуваат 252 жаришта, што е за 17 повеќе од вчера, изјави Министерството за здравство на Франција.

Во болниците има 4.855 пациенти, а 376 пациенти се во одделенија за интензивна нега.

Во текот на изминатите 24 часа, четири лица починаа во болници и старечки домови, така што вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот во Франција е 30.409.

Слични содржини