Рекорден број починати во Индија

од Stefanija Kuzmanovska

Рекорден број на смртни случаи се регистрирани во Индија во изминатите 24 часа, а трет ден по ред бројот на новозаболени е поголем од 400.000.

Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа биле потврдени 4.187 смртни случаи кај ковид пациенти, вкупно околу 240.000 од почетокот на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Со вчерашните 401.078 потврдени случаи, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е 21,9 милиони.

Слични содржини