Рекорден број тестирани во Грција, 3.431 новозаразен

од Stefanija Kuzmanovska

Во Грција, во изминатите 24 часа се регистрирани 3.431 нов случај на коронавирус и 83 смртни случаи.

На респиратори се наоѓаат 754 пациенти, објави грчкиот дневен весник „Катимерини“.

Најголем број случаи се регистрирани во регионот на Атика, каде што се наоѓа главниот град Атина со 1.604 новоинфицирани лица, а го следи Солун со 417 случаи.

Во изминатите 24 часа беа извршени рекордни 80.017 тестови, од кои 4,27 проценти беа позитивни.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се регистрирани 355.445 случаи на коронавирус и 10.847 смртни случаи.

Слични содржини