Почетна / TOP NEWS / Рекордни 203 нови случаи на коронавирус во Грција

Рекордни 203 нови случаи на коронавирус во Грција

Во Грција денес се евидентирани 203 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата во февруари, а почина уште едно лице.

Од 203 новозаразени, 29 се откриени со гранични проверки, јавува „АНА“.

Како резултат, вкупниот број заразени се искачи на 5.623, соопштија официјалните лица, пренесува Ројтерс.

Досега починале 212 лица.

loading...