Религиозен фанатик „влетал“ во дворот на Нејмар со Библија, сакал да му го пренесе „Божјиот збор“

од Stefanija Kuzmanovska

Бизарен настан се случил во неделата во домот на фудбалерот Нејмар во Париз.

Имено, додека Бразилецот бил со својот тим на мечот, во неговиот двор влегол непоканет „гостин“.

Според „Л’Екип“, во дворот на фудбалерот упаднал човек кој не сакал да направи поголем инцидент, но со себе носел Библија и сакал да му го пренесе „Божјиот збор“ на Нејмар, како што пишуваат француските медиуми .

Непознат маж го прескокнал ѕидот од оградата и стигнал до влезната врата каде бил запрен од обезбедувањето што ја чувало куќата на фудбалерот.

Реагирала и полицијата, која прво го уапсила мажот, а потоа го испратила во психијатриска болница.

Слични содржини