Рељиќ победи двократна олимписка шампионка и се пласираше во следната рунда

од Nikola Popovski
909 прегледи

Македонската теквондистка Милјана Рељиќ приреди голема сензација на дебито на ЛОИ и исфрли двократна олимписка шампионка.

Девојката која е родена 2003 година во категоријата до 57 килограми се судри со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија и успеа да забележи победа со 2-1 во рунди за пласман во следната рунда.

Милјана влезе храбро во борбата во која агресивната Британка ги освои првите поени. Сепак, таа ја доби првата рунда со 7-6. Во втората, искуството на противничката дојде до израз, па ја доби рудата со 5-3 за израмнување на резултатот 1:1 во рунди. Решавачката трета рунда заврши нерешено 1-1, но поради повеќето контакти Мила излезе како победничката.

Следна противничка на Рељиќ ќе биде Летиција Аоун од Либан, а настапот е околу 15:45 часот.

Слични содржини