Ременски: Ќе ги објавам сите поднесоци ставени во фиока потпишани со мое име и презиме и откриени злоупотреби

од Vladimir Zorba

Пратеничката и потпретседателка на Собранието на РСМ, Фросина Ременски по денешното видео-обраќање на премиерот Зоран Заев во кое повикува на „расчистување со нечесните судии и обвинители“, сподели дека и таа ќе даде свој придонес во име на овој повик и ќе ги објави јавно сите поднесоци ставени во фиока потпишани со мое име и презиме и откриени злоупотреби од 2013 до 2019 година.

„Во име на овој повик ќе дадам активен придонес со јавно објавување на сите поднесоци ставени во фиока потпишани со мое име и презиме и откриени злоупотреби (2013-2019). И ќе барам одговорност независно кој ќе биде допрен со чистење на прашината (ако “чистењето” е искрен подвиг) и тоа во име на паролата дека, законот мора да важи за сите – парола во која се помалку веруваат и граѓаните и тие што “спроведуваат правда”.

Ќе се обидам да (по)верувам и јас кога штетите што ги трпев од пријавите што лежат по фиоки, нема да бидаат мотив плус за дупла штета во стилот “уби го гласникот”, пишуваа таа.

Слични содржини