Ременски: Припадници на МВР фалсификувале одлуки на Факултетот за безбедност

Во своето гостување во Клик плус, екс пратеничката Фросина Ременски посочи дека на Факултетот за безбедност каде беше и поранешен продекан, се правеле фалсификувани одлуки, а во истите биле вклучени и лица на МВР, кои се пријавиле како вработени на факултетот и се раководители на проекти.

Меѓудругото таа посочи дека се фалсификувале одлуки на Факултетот, а исто така во рамките на тој фалсификат се вклучуваат и лица на МВР, кои воедно, се пријавиле како вработени на факултетот, и се раководители на проекти.

„Министерството преку јавен повик ги повикува факултетите кои сакаат да аплицираат. Во рамките на самите факултети, одлучуваат да аплицираат, да изготват елаборати да кажат со какви лаборатории располагаат, со цел истите да ги опремат.

Во факултетот на безбедност, го имате деканот, секретарот и 2-3 лица кои самостојно, си носат фалсификуваат одлуки, за да можат да аплицираат. Во рамките на фалсификувањето на таа службена документација, учествуваат 9 лица на МВР, кои се пријавуваат дека се вработени на Факултетот за безбедност и се раководители на истите проекти“, истакна Ременски.

Слични содржини