Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, директно го крши Законот за работни односи со тоа што на вработените им го ускратила правото на искористување на годишен одмор, обвинуваат од Синдикатот за администрација и државна управа. Велат дека дел од вработените во Министерството до нив реагирале бидејќи како што тврдат, им било побарано да го прекинат одморот и предвреме да се вратат на работа, информира 24Вести.
И покрај уредно водената постапка, министерката за труд и социјална политика побарала писмено преку државниот секретар, а и усно до вработените да го прекинат користењето на годишниот одмор и да се вратат на работа. Откако го прекинале користењето на годишниот одмор дел од вработените се пожалија дека не добиле воопшто никакви дополнителни работни задачи  – сосема чудно и спротивно од известувањето во кое било наведено дека се бара да се вратат на работа поради зголемен обем на работа. Бараме  веднаш техничката министерка Фросина Ременски јавно да им се извини на работниците и веднаш да ја поништи одлуката за присилно прекинување на годишните одмори, велат од Синдикатот за администрација и дравна управа на Р. М..
Министерката Ременски пак, за 24 Вести вели дека не верува во искрените намери на Синдикатот, бидејќи како што вели, истиот Синдикат 3 ипол месеци претходно бил глув за барањата на вработените.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини