Ременски: Видов се, само докази не

од Vladimir Zorba

„Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите бидејќи тоа е надлежност на институциите. На сите прашања ќе одговорам кога ќе дадам исказ пред Обвинителство“.

Ова го изјави пратеничката Фросина Ременски по излегувањето од Обвинителството, а во врска со сомненијата за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“.

Таа тврди дека веќе „два дена гледала се, само докази не“.

Ременски посочи дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

Пратеничката минатата недела изврши увид на доказниот материјал што го поседува Обвинителството

И.Р.

Слични содржини