Ременски за несреќата: Надлежност имаат бугарските служби, во билатерална соработка можно е вклучување и на наши тимови

од Берта Китинска

Ова е голема трагедија и треба да биде предмет на истрага што се случило. Сите очекуваат повеќе информации. Мое длабоко сочувство, вели професорката Фросина Ременски.

-Местна и стварна надлежност имаат бугарските служби, полицијата, форензиката и т.н. но секако во билатерална соработка не се исклучува вклучување и на наши тимови. Тоа е посложена операција, станува збор за изгорени лица кои преку форензика треба да се идентификуваат како и испитување на машинската состојба на автобусот, вели Ременски за Утрински брифинг.

Таа вели дека можна причина за несреќата е експлозија предизвикана од мала плинска боца

-Потешко е, но ако се побара експертиза не е невозможно. Тоа е комплетно изгорен автобус, заглавен во еден меѓупростор што укажува дека немало превртување, бил во исправена позиција. Повеќе од убедена сум дека експлозија се случила внатре, да речеме мала плинска боца или сѐ што е поврзано со гас или запалива течност во допир со искричење при возење можело да доведе до силна експлозија што ги блокира сите автоматизирани системи на автобусот. Фактот што и возачот е загинат укажува на таква ситуација, објаснува Ременски.

Слични содржини