Ремзи преминува во Милан?

од Stefanija Kuzmanovska

Според „Газета дело спорт“, важната алка во редовите на Јувентус, Арон Ремзи, би можел да се приклучи на редовите на Милан, големиот ривал на тимот од Торино.

Според познатиот спортски весник, „црно-црвениот“ спортски директор, Паоло Малдини веќе започнал преговори со првите луѓе на „старата дама“ за преминување на Велшанецот на „Сан Сиро“.

Ремзи на тој начин би дошол како идеална замена за Чалханоглу, а Јувентус сака да се ослободи и од неговата плата, особено затоа што Миралем Пјаниќ треба да се врати во клубот.

Ремзи дојде во Јувентус летото 2019 година од Арсенал како слободен агент.

Слични содржини