„Рено“ повторно профитабилен по 2 години загуби

од Vladimir Zorba

Францускиот производител на автомобили „Рено“ денеска објави дека постигнал позитивен деловен резултат во 2021 година кој ги надмина очекувањата, по две последователни години загуби предизвикани од пандемијата на Ковид и последователните проблеми со купувањето чипови.

„Рено“, кој е во сојуз со јапонските „Нисан“ и „Мицубиши“, рече дека нејзиниот удел во нето добивката на групацијата изнесува 888 милиони евра (1,0 милијарди долари), додека аналитичарите во анкетата на „Рефинитив“ предвидуваа 818,7 милиони евра, пренесе „Ројтерс“.

Профитабилниот бизнис е резултат на големото преструктуирање на компанијата, спроведено со цел да се намалат фиксните трошоци, фокусирајќи се на производството на најпрофитабилните модели и најважните пазари за „Рено“.

Слични содржини