Реномиран американски хирург објаснува како правилно да направите маска од дома (видео)

од Nikola Popovski

Началникот на јавното здравје на САД и генерален хирург, Џером Адамс, покажа како да направите маска од дома и да се заштитите од новиот коронавирус.

Адамс покажува дека маската може да се направи од скоро секоја облека, вклучително и шамија или маица. Тој во видеото покажува како правилно да го свиткате пресечениот дел на маицата и да го зацврстите со гумички за коса од двете страни,  за да се добие маска од ткаенина.

Видеото е објавено од Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп препорача граѓаните да не купуваат или да носат специјализирани медицински, па дури и хируршки маски и ги повика да бидат зачувани за медицински установи. Наместо тоа, треба да се користат обични маски за ткаенини што можат да се купат преку Интернет или да се направат дома.

Според најновите податоци, во САД се пријавени 312.000 случаи на инфекција со коронавирус, а скоро 8,5 илјади починале.

Слични содржини