Реновиран Центарот за дијабетес на Клиниката за ендокринологија

од Vladimir Zorba

Реновиран е Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија. Комплетно се реновирани 5 дијабетолошки амбуланти и направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти. Отворивме и Кабинет за дијабетично стапало опремен со термален скенер за стапало и дигитален биотензиометар – вибротест, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„Во оваа установа сите амбуланти се опремени со UV ламби со цел темелна дезинфекција на просторот. Покрај сите предизвици со Ковид 19, успешно ги продолжуваме и редовните активности за унапредување на услугите во јавното здравство и условите за работа на здравствените работници“, додава тој.

loading...

Слични содржини