Репортажа претворена во оргија: Новинарка отишла да истражува свингери, па завршила во „акција“ со нив!

од Nikola Popovski

Данска новинарка кој известувала за укинување на епидемиолошките мерки за радиостаницата РАДИО4 од свингерски клуб се вклучила во „акција“ во живо.

Луиза Фишер известувала за својата радио станица за повторното отворање на клубот недалеку од Копенхаген по ублажувањето на превентивните мерки.

Во извештајот емитуван претходно оваа недела, Фишер се слуша како интервјуира луѓе во свингерскиот клуб, а потоа им се придружила во нивните сексуални игри.

Слушателите можеа да ги слушнат експлицитните звуци на нивниот сексуален однос, но исто така и новинарката која му поставувала прашања на својот сексуален партнер.

„Свингерскаtа сцена е прилично мистериозна“, изјавила Фишер за локалниот весник „Јиланд Постен“, додавајќи дека сака да ја добие довербата кај луѓето со кои разговарала.

Директорката на програмата Тина Крагелунд го пофали нејзиниот пристап кон новинарската задача.

-Мислам дека е сосема во ред кога нашите новинари експериментираат со новинарството на поинаков начин“, рече Крагелунд за данскиот весник.

Раководството на радиостаницата претходно ѝ дала зелено светло на својата истражувачка новинарка за секс во свингерскиот клуб, се разбира, ако таа сакала.

Крагелунд за шведската телевизија СВТ изјави дека нејзината радио станица нема резерви за нешто универзално како сексот. Таа додала дека нејзините новинари честопати ги вклучувале своите искуства и во другите извештаи.

– На овој начин, успеавме да навлеземе подлабоко во целата приказна отколку да сме само набудувачи – изјавила таа за СВТ.

Новинарката рекла дека некои колеги и рекле дека ја преминала границата, но исто така и дека огромното мнозинство од повратните информации што ги добила станицата биле позитивни.

Слични содржини