Репортери без граници: Околу 1.700 новинари убиени ширум светот во последните 20 години

од Stefanija Kuzmanovska

Во светот во периодот од 2003 до 2022 година биле убиени 1.668 новинари, во просек по 80 годишно, според податоците објавени денеска од организацијата Репортери без граници, а Ирак и Сирија се сметаат за најопасни земји за новинарска професија.

Тие две земји зафатени од војна со вкупно 578 убиени новинари само во последните 20 години претставуваат една третина од вкупниот број убиени новинари во светот во тој период, пред Мексико (125), Филипини (107), Пакистан (93), Авганистан (81) и Сомалија (78).

Мажите претставуваат 95 отсто од убиените новинари.

Во последните две децении, „најцрни“ години беа 2012 и 2013 година, со 133, односно 142 убиени новинари, главно во војната во Сирија, соопшти организацијата Репортери без граници.

Слични содржини