Репрезентативците тргнуваат на пат за Романија

од Vladimir Zorba

Македонската фудбалска репрезентација тргнува на пат за Романија каде ќе ги започне своите настапи на Европското првенство.

Пред тргнувањето „црвено-жолтите“ направија заеднички фотографии, а од Фудбалската Федерација на Македонија порачаа да бидат „свои и храбри“ и им посакаа среќен пат.

На 11-ти јуни почнува Европското фудбалско првенство, а Македонија првиот натпревар го игра на 13-ти јуни против Австрија во Букурешт. Во групната фаза следуваат уште и натпреварите со Украина и Холандија.

Според информациите, сите фудбалери се негативни на Ковид-19 и селекторот Игор Ангеловски ќе може да сета на сите за историскиот настап на нашата земја.

Слични содржини