Републиканците во Сенатот не успеаја да го запрат отповикувањето на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Републиканците во американскиот Сенат не успеаја да го запрат процесот на отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп, поради обвинувањата дека тој го поттикнал нападот на демонстрантите на Капитол Хил на 6 јануари, пренесува „Ројтерс“.

Барањето на републиканскиот сенатор Рон Пол беше одбиено од 55 сенатори, меѓу кои имаше само петмина републиканци, додека 45 од неговата партија беа за запирање на процесот.

Пол и другите републиканци тврдат дека постапката за отповикување на Трамп е неуставна затоа што неговиот мандат заврши минатата среда, како и затоа што судењето закажано за 9 февруари ќе го надгледува демократскиот сенатор Патрик Лихи, наместо судијата на Врховниот суд Џон Робертс.

Во академските кругови се води дебата за тоа дали Сенатот може да го осуди Трамп и да го отстрани од функцијата кога веќе не е претседател.

Многумина сметаат дека „доцниот импичмент“ не е во спротивност со Уставот на САД и дека претседателите кои се однесуваат несоодветно за време на нивниот доцен мандат не треба да бидат имуни на процесот утврден со Уставот, со кој се оценува нивната одговорност.

Слични содржини