Ресен е единствениот град во Македонија без активни носители на вирусот

од Берта Китинска

Ресен  е единствениот град каде во моментов нема регистрирани активни случаи на Ковид 19.

Според денешните податоци на министерството за здравство во Ресен се регистрирани 146 позитивни, и нула активни случаи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455,  бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326.

Слични содржини